Првично, украинските власти објавија дека се убиени две лица, но таа бројка сега се искачи на четири откако на местото на настанот беа пронајдени „фрагменти од тела“.
Меѓу жртвите има и 56-годишен лекар, 64-годишен член на персоналот на клиниката и 57-годишен вработен од блиската ветеринарна клиника, рече регионалниот гувернер.
„Севкупно, нападот ги однесе животите на четири лица. Искрено сочувство до роднините“, изјави Серхи Лисак на Телеграм.
„Нема прошка за агресорот за неговите страшни злосторства. Виновните ќе одговараат“.
Во нападот беа повредени и повеќе од 30 лица, меѓу кои и две деца.
Днипро е главниот центар за лекување на повредените украински војници донесени од источниот фронт, според украинските медиуми, и бил подложен на серија напади во текот на војната.