333
Американската гимнастичарка Кара Екер и чешкиот одбојкар на плажа Ондреј Перушич се додадени на списокот на акредитирани спортисти кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Токио, откако беа позитивни на коронавирус.
Организаторите на Олимписките игри рекоа дека 71 лице во моментов е позитивно на коронавирус, од кои 31 лице се учесници, пишува АП.
Екер беше во тренинг камп во префектурата Чиба, а Перушич престојуваше во олимписко село во заливот Токио. И двајцата беа во карантин 14 дена, соопштија организаторите.
Новите позитивни случаи објавени денес изнесуваат 13 лица, а претставниците на тимот и спортските работници се многу загрижени.