Расте бројот на жртви по нападот на божиќниот панаѓур во Магдебург

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Бројот на загинатите во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на четири, а 41 лице се тешко повредени, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на полицијата.

Според германскиот весник, вкупно 205 лица се повредени, 86 лица со тешки повреди се згрижени во болниците, додека 78 лица се полесно повредени во нападот.

Според последното официјално соопштение, најмалку две лица загинаа, меѓу кои и едно дете, додека повеќе од 50 се повредени синоќа на божиќниот пазар во Магдебург кога напаѓач со својот автомобил влета во толпа посетители.

Слични содржини