199
Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика вели во последното деноноќие се самопопишале преку електронската апликација над 20 илјади македонски државјани кои живеат во странство, а вкупната бројка достигнала 121.580 лица.
– Претпоставуваме дека ова нагло зголемување на бројката на самопопишани е поради викендот, кога луѓето имале повеќе слободно време – вели Ѓоргиева.
Иселениците во Швајцарија засега со најголем одзив на пописот, по нив следуваат тие од Германија и Италија.