Растерани климатските активисти кои окупираа село во Германија, меѓу нив и Грета Тунберг

од Nikola Popovski
168 прегледи

При растерувањето на активистите од рударското село Луцерат, полицијата во неделата ја однела и шведската климатска активистка Грета Тунберг. Расчистувањето на селото започна во средата, а по жестокиот отпор на активистите, операцијата се смета за завршена. Германски „Билд“ јавува дека си заминале и последните демонстранти.

„Полициската операција за чистење е завршена“, одговори портпаролката на полицијата во Ахен на прашање на Зидојче цајтунг (ЗЦ). Во кампот останале само две лица кои се во тунелите. Тие сега се во надлежност на енергетската компанија RWE, пишува ЗЦ.

Фотографиите кои кружат на интернет покажуваат како Тунберг се смее. Според информации на Билд, таа не го исполнила барањето на полицијата да го напушти местото. Затоа двајца полицајци ја грабнале и ја однеле.

Повредени се повеќе од 70 полицајци

Како што соопшти полицијата во неделата, при евакуацијата се повредени повеќе од 70 полицајци. Портпаролот на полицијата изјави дека повеќето од нив биле повредени за време на протестите во саботата. Повредите биле само делумно предизвикани од насилството на демонстрантите. Од почетокот на евакуацијата, покренати се околу 150 кривични постапки, меѓу кои за давање отпор и попречување на полициска работа, повреда и нарушување на јавниот ред и мир, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Портпаролката на активистичката група „Lützerath Leben“ во неделата упати сериозни обвинувања против полицијата. На протестот во саботата имаше „неверојатно ниво на полициско насилство. Живо чудо беше што немаше смртни случаи“, рече таа.

Повредени голем број демонстранти?

Портпаролката на медицинската служба за демонстрантите зборуваше за „голем двоцифрен до троцифрен број“ на повредени учесници. Многумина од нив се тешко повредени, а некои се наводно во критична состојба. Повредите биле делумно предизвикани од бибер спреј, палки и напади со тупаници од страна на полицијата.

„Имаше многу повреди на главата“, рече портпаролката.

Според полицијата, нема извештаи за повреди опасни по живот. Но, еден демонстрант паднал во несвест во саботата, изјави портпаролот на полицијата. Веднаш му била укажана помош, а потоа бил пренесен со возило на Брза помош.

Вкупно, полицијата знае за десет случаи на демонстранти кои биле превезени во болница со возила на брза помош. Не можеше да потврди дека имало и спасувачка хеликоптерска акција.

 

Слични содржини