177
Германската полиција растурила детска роденденска забава, организирана покрај мерките во борбата против коронавирус, со околу 30 гости, кои се обиделе да се сокријат во плакарите.
Полицијата, во градот Хамел, била повикана од соседи кои се жалеле на големата врева. Кога полицајците дошле во споменатиот стан, гостите се обидоа да се сокријат каде ќе стигнат.
Една жена, на пример, се заклучила во тоалет со пет деца, соопшти полицијата. Другите се криеле во плакари, соопшти полицијата. Поднесени се обвиненија против 15 возрасни лица за кршење на мерките за борбата против коронавирус.