Ратајковски: Ме третираат како парче месо, сите мрзат жени

од Vladimir Zorba
177 прегледи

ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ во интервју за Лос Анџелес Тајмс откри зошто решила да го напушти актерството без оглед на успехот во познати филмови. 31-годишната манекенка опишала дека повеќе ја третираат како „парче месо“ во филмската индустрија отколку како вистински уметник.

Ратајковски, која се прослави со улогата во драмата, номинирана за Оскар, Gone Girl со Бен Афлек, тврди дека после тоа таа и нејзиниот тим барале улоги кои ќе покажат дека таа е навистина име и лице на кое треба да се смета а тоа е „сериозна актерка“.

Нејзината последна аудиција беше за филмот „Triangle Sadness“ од 2022 година, улога која на крајот и припадна на Чарлба Дин Крик. Меѓутоа, Емили сега изјави дека наместо да се чувствува како уметник, чувствувала дека всушност ја „третираат како предмет“.

„Не се чувствував како да ме доживуваат така, туку како парче месо на кое луѓето го оценуваат“, прашувајќи: „Има ли нешто друго освен градите?“ – опиша таа, додавајќи дека не сака да бид „сварлива за моќните мажи во Холивуд“.

На почетокот на 2020 година, таа одлучи да го отпушти својот агент, комерцијален претставник и менаџер. „Не им верував. Можам сама да одговарам на телефонски повици. Сама ќе одлучувам. Никој од вас не се грижи за моите интереси и сите мразите жени“, рекла таа.

Манекенката, која е на листата на најубави жени во светот во 2022 година, во подкастот Going Mental призна дека е во тајна врска два месеци, две недели пред да биде снимена како се бакнува со Хари Стајлс. Таа изјавила дека „можеби е тој“ за нејзиниот нов партнер.

Дополнително, зборувајќи за тоа како „момците размислуваат со своите гениталии кога станува збор за романтични врски“, таа го откри нејзиниот план да има и да одгледува второ дете сама со тоа што ќе ги замрзне јајцата и ќе му подари брат или сестра на синот Силвестер кога ќе навлезе во доцните триесетти.

Слични содржини