Рација во Бејрут: Уапсени 18 лица, меѓу кои и Либанци и Сиријци поврзани со ИД

Либанската армија денес објави дека уапсила 18 лица, меѓу кои има и Либанци и Сиријци, за поврзаност со терористичката Исламска држава (ИД).

Апсењата се случија по „теренските операции“ во претходните две недели во северниот град Арсал, се вели во соопштението на армијата.

Уапсените признале дека биле поврзани со Исламската држава и дека ја поддржуваат, а запленети се и неколку парчиња оружје, додава Ројтерс.

Јуруд Арсал, неплодна област на планините меѓу Сирија и Либан, беше база за бунтовниците кои се бореа во сириската граѓанска војна, вклучувајќи ги милитантите на Исламска држава и групата некогаш наречена Фронт Нусра.

Слични содржини