Рационален оптимист сум за решавање на спорот со Бугарија, вели Ковачевски

од Nikola Popovski
181 прегледи

Во однос на спорот со Бугарија, новиот мандатар Димитар Ковачевски не сака да прогнозира со датуми за решение со официјална Софија.

-За датуми никогаш не сум се врзувал и секогаш сум бил рационален оптимист, кој што верува во решение, меѓутоа работи тоа решение да биде општоприфатливо за сите. Сакам да имаме дијалог насочен кон иднината, кон проекти то значат подобро поврзување на граѓаните, на економијата и културата, за да дојдеме до европско и заедничко решение, кое нема да ги навреди граѓаните, потенцира Ковачевски, како одговор на новинарско прашање во Собранието.

Слични содржини