Разбојници дивееле низ Кавадарци – оштетиле пет куќи и три возила

од Nikola Popovski
88 прегледи

Велешката полиција информира дека кавадарчанка пријавила напад од страна на повеќе разбојници.

– Рано утрово по полноќ во 00.00 часот во ОВР Кавадарци, 22-годишната А.Б. од Кавадарци пријавила дека неколку машки лица ја скршиле влезната врата од нејзиниот дом, по што оштетиле и четири соседни куќи, сопственост на М.Ф., Е.Ф., Р.Ф. и А.Р. а во некои од нив влегле и ја оштетиле и покуќнината, а потоа оштетиле и три возила кои биле паркирани во близина на куќите, соопштија од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Се преземале мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

Слични содржини