Разбојници од Македонија краделе низ Загреб – штета од 20.000 евра

од Nikola Popovski
73 прегледи

Загрепската полиција ги соопшти деталите од полициска акција во која привела три лица (50, 41 и 37) од Македонија, осомничени за три кражби.

– Врз основа на спроведената криминалистичка истрага, се сомнева дека 50-годишниот осомничен и уште едно, засега непознато лице, на 20.02.2024 година на подрачјето на Нов Загреб, во улица „Владимир Варичак“, со однапред смислена намера да одземе туѓ движен имот со цел противправно присвојување, стигнале до станбената зграда. Со употреба на погоден алат и модифициран клуч, провалиле во станот од каде што украле рачен часовник и накит, соопшти тамошната полиција, пренесуваат хрватските медиуми.

Се сомнева дека и на 24 септември двајца од нив стигнале до станбената зграда, влегле во лифтот и со специјален алат упаднале во станот, но во еден момент се откажале и избегале.

– Наредниот ден, 25.09.2024 година, на подрачјето на градот Риека, Горња Вежица, 50-годишен маж и 37-годишен маж дошле до станбена зграда и на идентичен начин провалиле во стан со употреба на погоден алат и модифициран клуч од кој украле накит – изјавија од хрватската полиција.

По претресот на автомобилот на еден од приведените, полицијата пронашла брусилка на батерии со додатоци, неколку парчиња различни клучеви за цилиндри на различни брави, неколку парчиња разни специјални алати за провалување, шрафцигери, мобилни телефони…

Се наведува дека кај осомничените е пронајден накит за кој постои сомневање дека потекнува од извршените кривични дела.

– Материјалната штета причинета со извршување на кривични дела изнесува околу 20.000 евра. По завршувањето на кривичната истрага, осомничените мажи се предадени во притвор, а посебен извештај е доставен до надлежното државно правобранителство во Нов Загреб, стои во соопштението.

Слични содржини