Разбојник се обидел да ограби обложувалница со пластичен пиштол

од Nikola Popovski
231 прегледи

Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска го лишија од слобода П.Ј.(32) од Скопје поради основи на сомнение дека утрово од 9 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во с.Волково.

Кај П.Ј. е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело.

Лицето се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава.

Слични содржини