Актуелно
Почетна / Хроника / Разбојници пукале и ограбиле бензинска во Бутел

Разбојници пукале и ограбиле бензинска во Бутел

Двајца разбојници доцна синоќа ограбиле бензиска станица на “Макпетрол”, лоцирана на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, Скопје.

Разбојниците, кои биле вооружени и носеле фантомки на главите, ја одзеле чантата со прометот од вработен на бензинската. Пред да избегаат, пукале во воздух.

Заминале со автомобил марка “БМВ”.

Претходно во ноќта, беше ограбена обложувалница во Драчево.

loading...