Цела Општина Центар е излепена со препораки од полицијата како станарите да се заштитат од кражби. Им се порачува да бидат претпазливи и да си стават видео надзор. Во исто време, министерот за внатрешни работи Митко Чавков распиша конкурс за прием на 600 нови полицајци. За што се полицајците, ако мораме сами да се штитиме од кражби?
![goran-mihajlovski[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/goran-mihajlovski1.jpg)
Министерот ги троши секоја вечер за да ги одбранат фасадите на Груевски од Шарената револуција. Тие не се за нас да нè чуваат, туку за барокот на институциите да го чуваат. И да го чуваат најсветото нешто – партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Оти тоа е најважна институција во државата.
5 Во Битола, една друга државна институција што се вика Завод и музеј забранила во амфитеатарот на Хераклеја да се игра претставата „Разбуди се Като“. Во претставата што никој не ја видел и не се знае зошто ја забраниле, главниот лик е Никола, кој ги испратил жена му и мајка му на одмор и ја викнал стриптизерката Ката да се забавуваат со другарите.
Во Македонија, институциите не реагираат кога родителите си ги капат децата во гомна со благослов на поп, градоначалник и министер. Ама институциите добиваат паничен напад кога во иста реченица ќе се најдат имињата Никола и Ката. Оти за ВМРО-ДПМНЕ разбудена Ката е поопасна од разбудена ешерихија коли (да ми простите на зборот).
Горан Михајловски
колумната во целост прочитајте ја тука