423
Славната Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. Таа привлече големо внимание веднаш штом се појави на сцената, а покрај кариерата како модел, успешно се реализираше и како актерка.
Во декември минатата година, познатиот италијански фотограф Џан Паоло Барбиери ја претстави својата колекција фотографии во Милано, во која може да се видат многу познати жени на денешницата.
Меѓу нив е и Моника, чии фотографии особено го одземаа здивот. На една од фотографиите таа седи на шанк разголена и со насмевка на лицето.
Иако ѝ се гледаат задникот и градите, многумина ги окарактеризираа фотографиите на Белучи како многу привлечни и евокативни, но не и вулгарни.