дошле научниците од британскиот универзитет во Источна Англија. Студијата покажала дека невроните кај многу мали деца со кои редовно се зборува, се поефикасни.
Скенирањето открило дека областите на мозокот одговорни за обработка на говорот и јазикот, кои се сложени функции кои зафаќаат неколку делови од церебралниот кортекс, содржат поголема концентрација на миелин. Тоа е мека бела повеќеслојна обвивка составена од липиди и протеини што ги обвиткува невроните и им овозможува да испраќаат пораки побрзо и поефикасно.Не е познато дали дополнителниот миелин е одговорен за јазичните способности на двеиполгодишното дете, но научниците веруваат дека тоа би можело да биде од големо значење.
Се смета дека миелинот обвиткан околу неврон личи на леплива лента поставена на цевка со дупки.Тоа му помага на невронот да прима повеќе сигнали на патот од точката А до точката Б, а со тоа ја зајакнува врската со другите неврони.
Затоа пораката до родителите е – разговарајте со децата, тоа им го обликува мозокот.
Според когнитивниот психолог од Универзитетот во Источна Англија, Џон Спенсер покрај тоа што детето ве слуша, тоа што го кажувате влијае на неговиот мозок и на тој начин го обликува.
Развојот на детскиот мозок поминува низ различни фази. Понекогаш детскиот мозок е зафатен со изградба на нови клетки, додека друг пат е зафатен со прочистување на клетките што веќе ги изградил. Се чини дека во првите неколку години од животот на детето, растот на овој важен орган е најзначаен, па до 2-та година од животот, мозокот на детето достигнува 80% од волуменот на мозокот на возрасен.
Многу истражувања покажуваат дека изложеноста на детето на говор и јазик е важна за неговата идна јазична способност, како на пример за вокабуларот, граматиката и вербалното расудување.