186
Јас сум апсолутен оптимист, вели првиот вицепремиер Артан Груби во врска со уставни измени според францускиот предлог.
– Нашите секојдневни контакти со опозициски пратеници, ми влеваат оптимизам дека тие ќе го поддржат тоа и гледаме веќе развивање на едно проевропско крило и во опозицијата, што ме радува многу, затоа што имаме потреба од опозиција која што е евроатлантски ориентирана, посебно во овие предизвикувачки времиња за државата, рече Груби .