Разговарав со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не гледаат контроверии во уставните измени, вели Османи

од Nikola Popovski
121 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва порача дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за отворање на Уставот и внесување на бугарското малцинство.

-Пратениците можат да си гласаат по свое убедување. Јас имам разговарано и со пратеници, интелектуалци и членови од ВМРО-ДПМНЕ кои го делат моето мислење дека не се контроверзни овие уставни измени и дека требало да се направи многу порано, за да точно се направи ова разграничување, за да никој не ја користи веќе формулацијата „две држави- еден народ“ како што го изјавуваат бугарските радикални партии. Треба да влеземе во суштински разговор со опозицијата да видиме што се нивните очекувања и за кои гаранции зборуваат. Има гаранција дека не може Бугарија да ја блокира Втората меѓувладина конференција. Доколку треба дополнително да се истакнат некои прашања кои се важни, отворени сме за разговор. Ова треба да го решиме заеднички, рече Османи во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини