Разговорите меѓу Бајден и Путин започнаа во тесен формат

од Stefanija Kuzmanovska
408 прегледи

Разговорите меѓу претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, започнаа денес во Женева во тесен формат.

Пред самитот, претседателите на Соединетите држави, Русија и домаќинот Швајцарија – Џозеф Бајден, Владимир Путин и Гај Пармелин, направија заедничка фотографија пред Вила Ла Гранџ, каде што се одржува самитот, почитувајќи ја социјалната далечина поради пандемијата на короната.

Двајцата претседатели се ракуваа пред да започне самитот.

Путин му се заблагодари на Бајден за иницијативата за средбата и изрази надеж дека средбата ќе биде продуктивна, додека Бајден посочи дека е корисна средбата лице во лице со Путин.

Пармелин им посака успешен дијалог на Бајден и Путин и додаде дека е голема чест за Швајцарија да има можност да биде домаќин на двајца претседатели.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и преведувачите исто така ќе присуствуваат на разговорите во тесен формат.

Слични содржини