384
Во семејството Ражнатовиќ повторно има поводи и причини за славење, а овојпат Цеца не ја криеше гордоста поради својот син, кој штотуку дипломираше на Факултетот за економија и менаџмент во Бањалука.
Таа веднаш се пофалила пред јавноста, а многумина се сигурни дека во нејзината вила ќе се организира голема прослава и по овој повод.
„Вељко и Богдана се сега во Бањалука, таму тој го брани дипломскиот труд. Многу сум горда“, рекла Цеца.
Впечатоците од свадбата уште се свежи, а се чини дека семејството одлично се согласува. Цеца открила и дека многу ѝ значи тоа што внучето ќе го носи името на нејзиниот покоен сопруг.
„Зошто да не? Па и Вељко го доби името по таткото на Жељко“, изјавила таа.