Џејсон Момоа и Еиза Гонзалес повеќе не се во врска, пишува магазинот People.
Неименуван извор им открил дека актерот и актерката раскинале по неколкумесечната врска. Друг извор близок до актерите откри дека Џејсон и Еиза „се надеваат дека работите би можеле да се подобрат“: „Тие многу се сакаат и се гледаа некое време, пред да ја објават својата врска во јавноста“, рече тој, додавајќи дека се моментално во „различни фази од животот“.
People наведува дека нивната врска била „ексклузивна“ и дека се гледале од февруари.
„Во моментов не прават голема драма за ситуацијата. Гледаат до каде можат да стигнат, односно колку им дозволуваат деловните обврски“, забележал изворот.
Разлики во очекувањата
Тој ги истакна и разликите во нивните карактери. И двајцата ги опиша како забавни и опуштени луѓе. За Гонзалес рекол дека е повеќе наклонета кон подолги врски, додека Момоа е „одличен тип, многу дарежлив и секогаш расположен“, но и не брза со сериозни врски.
„Не дека тој не го сфаќа тоа сериозно, но бидејќи има деца, нема лесно да навлезе во нешто посериозно“, изјавил изворот за магазинот People.
Инаку, на почетокот на годината Џејсон Момоа и Лиза Бенет ја прекинаа врската по 16 години, од кои 4 во брак. Тие имаат две деца, ќерката Лола (14) и синот Накоа-Волф (13).