Разногласие во редовите на ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Иницијативата на ССМ за зголемување на минимланта плата ја разбуди македонска јавност, која застана во подршка на зголемување на стандардот на работниците. Овие денови се води расправа во Економскиот Совет во која Владата се обидува да најде компромис меѓу синдикатот и работодавачите.

По ова прашање, се чини, разногласие постои во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено ставовите околу ова прашање ги спротивставија на највисоко ниво лидерот на партијата Христијан Мицкоски и поранешниот министер за финансии и сегашен претседатевач на Советот на град Скопје Трајко Славески.

Претседателот на партијата Мицкоски во интервју на „Канал 5“ изјави дека тој ја подржува иницијативата за зголемување на минимлната плата ако тоа значи линеарно зголемување на сите останати.

„Суштинскиот проблем е дали ако имаме ние минимална плата од 18 илјади денари ќе ги нивелираме сите останати плати нагоре. Тогаш сме „за”. Ако ние потоа ги нивелираме сите останати плати линеарно на ова зголемување, тогаш сме за, затоа што сите работници треба да го остварат тоа право,“ изјави Мицковски.

За разлика од него, професорот Славески изрично е против зголемување на минималната плата затоа што тоа фирмите не би го издржале и би затвориле:

„Ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, смета Славески. Вакви слични тврдења тој имаше и додека беше министер заедно со Никола Груевски. Но тогаш од позиција на власт со години им успеваше да ја чуваат минималната на 9 500 денари, сума која потоа СДСМ за краток период ја зголеми на 15 500 денари, а сега поддржува зголемување на 18 000 денари.

За законот за зголемување на минималнаа плата ќе се дебатира на Собрание на 10 овој месец.

Слични содржини