Барселона се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што претрпе тежок пораз од 3-1 на гости кај Борусија Дортмунд во реваншот од четвртфиналето. Тоа беше прв пораз на Барса во 2025 година.
„Борусија има одличен тим и ни го загорчија животот вечерва“, изјави тренерот на Барселона, Ханси Флик по поразот од Дортмунд со 3-1.
Точно, тој немаше причина да биде задоволен, барем што се однесува до настапот на неговиот тим. Но, Барса е во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Ние сме во полуфинале, заслужено се пласиравме во следната рунда и тоа е сè што е важно сега“, изјави Флик и истакна: „Можеби вечерва не бевме најдобри што можеме, што секако е благодарение на домаќинот, кој беше одличен. Направивме уште еден чекор напред, но далеку сме од крајот“.
Барселона во полуфиналето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Интер и Баерн. Италијанскиот првак победи на првиот натпревар во Минхен со 2-1, а реваншот се игра вечерва од 21 часот. во Милано.