Разорна експлозија во куќа во охридско, повредено едно лице

Брзата реакција на пожарникарите спречила целосно опожарување на објектот

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук

Од ТППЕ Охрид информираа дека денеска интервенирале по разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти. Велат дека експлозијата била предизвиката од зголемена концентрација на плин.

„Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност.

Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и една жена која е преземена од екипите на брза помош“, велат од ТППЕ Охрид.