87
Владата на денешната седница го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски.
Барањето за разрешување на Велковски беше поднесено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако во јавноста беше обелоденето дека со службено возило ќерката на Велковски била однесена на одмор во Грција.
Информацијата ја потврдија од Владата, од каде се очекува официјално соопштение за одлуките од денешната седница.
На местото на Велковски засега не е назначен нов директор.