Разрешен директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“

од Берта Китинска
224 прегледи

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска конечно доби нов в.д. директор со што дојде до престанок на мандатот на претходниот, информираат од општина Аеродром.

-И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици. За претходниот директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци, посочуваат од општината.

Оттаму додаваат дека градоначалникот Муцунски уште од првиот ден се заложил и цврсто останува на неговото ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции кои се под нејзина надлежност.

-За сега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска. Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивен правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар!, велат од Аеродром.