179
Началникот на петтата управа Горан Грујовски, кој е прв осомничени во случајот „Тврдина” на Специјалното јавно обвинителство, е разрешен од функција.
Министерот Чавков вели дека разрешувањето е во согласност со законот, иако Грујовски се уште е на боледување. Чавков не ја кажа причината за неговото разрешување.
Грујовски заедно со уште четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се товарат дека минатата година ги уништиле системите од незаконското следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.