Судскиот совет со десет гласа „за“ го разреши судијата, Горан Бошевски, кој го водеше предметот на поранешниот СЈО со кодно име „Траекторија“ во кој беше обвинет екс премиерот Никола Груевски.
Судскиот совет утврдил нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Резрешениот судија со решение веќе нема да суди, но има право на жалба пред Врховниот суд. Тој е и времено е оддалечен од вршење на судиската функција односно до правосилност на одлуката од Советот.
Судењето за кинеските автопати кое го водеше Бошевски, почна во декември 2017 година и се уште нема завршница. По две години од старт на судењето, застаре делото за Груевски кое го товареше за примање награда.
Разрешувањето на Бошевски значи дека овој предмет ќе добие нов судија, со што процесот формално ќе треба да почне од почеток.