Разрешена директорката на Музејот на македонската борба поради злоупотреба на службената должност?

од Nikola Popovski
479 прегледи

Разрешена е директорката на НУ Музеј на македонската борба – Скопје, Даниела Николова, дознава „Локално“ од свои извори. Повод за смената е злоупотреба на службената должност.

Според неофицијални информации, Николова ќе заработи кривична пријава.

Пред неколку месеци се појавија информации кои велат дека има сериозни обвинувања за нејзина злоупотреба на функцијата и овластувањата. Дел од медиумите објавија дека едно од обвиненијата според поднесената кривична пријава е издавање под наем на сала, но и други службени простори без надомест,но и без соодветен договор и согласност од управниот одбор на музејот, за ова немала ни соодветно мислење или одобрение од министерството за култура. Следуваше демант од Николова, која, меѓу другото порача дека ваквите наводи се лажни и се закани со тужба.

Николова ја извршува функцијата директор од 2018 година кога го наследи Бранислав Светозаревиќ. Таа е дипломиран историчар на Филозофскиот факултет при УКИМ и долгогодишен музејски работник со богато професионално искуство во музејската дејност.

Како кустос-советник во НУ Музеј на Македонија, автор е на бројни изложби во земјата и во странство, учесник во меѓународни проекти, семинари и конференции. Координатор е на повеќе проекти од областа на музеологијата, историјата и културата во земјата во регионот.

Н.П.

Слични содржини