Разрешена судијката Михајлова поради нестручно работење

од Nikola Popovski
410 прегледи

Судскиот совет на денешната седница разреши судија од Основниот кривичен суд. Иако од таму не го соопштија името, според неофицијални информации, станува збор за судијката Татјана Михајлова.

Според претседателот на Советот, Киро Здравев се работи за нестручно работење и злоупотреба на АКМИС-системот.

Михајлова е позната како судијка која забрани бомбите да се користат како докази во постапките на СЈО, а беше главна судијка во „Шамарите во Центар“.

Исто така, своевремено Михајлова во судница ги казни Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра.

Од поранешниот премиер Никола Груевски, таа била наградена со тоа што беше именувана за судија во скопскиот кривичен суд и тоа во Одделот за организиран криминал и корупција.

Судиите кои Михајлова ги тргна од кривичниот оддел и од одделот за организиран криминал и корупција и ги испрати подалеку, во судот за прекршоци, се жалеа во Врховниот суд. Врховните судии го турна распоредот на Михајлова и тие се вратија во Кривичниот суд.

За иста работа беше разрешен и Владимир Панчевски, кој одговараше и кривично. Него велешкиот Основен суд за злоупотреби со АКМИ-Системот, го осуди првостепено на три ипол-годишна затворска казна.

 

Слични содржини