Разурнат и срамнет: Сателитски снимки од Бахмут пред една година и денес (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Украинските сили се сведени на мали упоришта во разурнатиот град Бахмут, кој и покрај ограниченото стратешко значење стана најкрвавото бојно поле. Но, според украинските официјални лица и воениот персонал на теренот, тие напредувале на руските крила во обид да го опколат градот и да ги прошират борбите во областа.

Градот во североисточниот регион Доњецк имал население од околу 70.000 луѓе пред Русија да ја нападне Украина минатата година. Оттогаш е разурнат, погоден од веројатно најжестоките борби во оваа војна, бидејќи руските трупи и платениците од групата на „Вагнер“, составена главно од ослободени руски затвореници, го освојуваа блок по блок. Битката за градот трае од минатото лето, речиси една година.

Во саботата, основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, тврдеше дека неговите сили конечно го зазеле целиот град, а Кремљ објави изјава од рускиот претседател Владимир Путин во која го пофали ослободувањето на градот. Украина ги отфрли нивните тврдења.

Градот сега е во урнатини. Погледнете како изгледаше пред една година, а како денес.

Слични содржини