Очигледно е дека ноќта на 27 април во Собранието на Р.М. се одвивала „комплицирана“ разузнавачка игра слична на онаа во Диво насеље во мај 2015 година.

После медиумското експонирање на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ и размената на дипломатски чекори на повикување на разговор на амбасадорите на Србија и Македонија во Скопје и Белград, очигледно е дека српскиот разузнавач таа ноќ не бил „на своја рака“ во Собранието.
Од изјавите на српскиот државен врв произлегува заклучокот дека тие биле во постојана комуникација со Живаљевиќ, слично како во настаните од Диво Насеље, кога побрзаа предвреме да упатат 400 припадници на жандармеријата на границата со Македонија.
Објавувањето на извештај на УБК во српскиот Krik.rs, каде се содржани транскрипти од телефонските разговори меѓу Живаљевиќ и Стоилковиќ, а каде се спомнуваат имиња и на други актери од политичката и бизнис елита на ВМРО-ДПМНЕ, предизвика многу дилеми во македонската и српската експертска јавност.
Дополнително, лиферувачот на извештајот на УБК, на крајот од текстот „намерно“ избришал две имиња за кои само можеме да претпоставиме кои се!?
Ставовите на Вучиќ, Дачиќ, Лазански и Стоиљковиќ искажани во јавноста упатуваат на заклучокот дека текстот на содржината од разговорот објавен во Krik.rs е автентичен и снимките од Собранието се несоборлив доказ.
разузнавачи и им помагал на УБК и АР. Исто така, директорите на УБК и АР ќе треба да дадат одговор како во јавноста се појави фотографијата од „селфито“ кое самиот Живаљевиќ го направил од просториите на Собранието!?Меѓу експертите постои дилема, кои се и колку биле на број оперативците на УБК и Агенцијата за разузнавање (АР) како дел од оваа разузнавачка сплетка. Едно е јасно, сите дилеми можат да се расчистат доколку Основното јавно обвинителство (ОЈО) ги побара оперативните извештаи кои ги напишале припадниците на УБК и АР за настаните од 27 април. Имено, од извори во МВР дознаваме дека во процесот на идентификација и препознавање од камерите во Собрание и од други снимки на присутни ноќта, се забележани повеќе припадници на УБК и АР. Истите во дополнителна истрага ќе треба да го образложат своето присуство со соодветни извештаи.
И конечно, ќе треба да се утврди и командната одговорност на директорите на УБК и АР, односно дали издале налози и наредби за оперативно присуство и кои биле причините и мотивите за ангажманот на оперативата ноќта на 27 април во Собранието./ЛИБЕРТАС