Развиена „победничка формула“ за вакцината „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Паскал Сорио, извршен директор на британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“, тврди дека нивните истражувачи развиле „победничка формула“ за зголемување на ефикасноста на вакцината.

Сорио ја даде изјавата во време кога официјалните лица се подготвуваат утре да ја одобрат вакцината „Оксфорд-АстраЗенека“.

Според него, методот со две дози може да ја приближи ефикасноста на вакцината до онаа на ривалите „Фајзер“ и „Модерна“.

Британските министри се надеваат дека вакцинирањето на 15 милиони луѓе ќе го заврши циклусот на „заклучување“ на земјата до февруари.

Владата на Велика Британија однапред нарача 100 милиони дози на вакцината развиена од истражувачи на Универзитетот во Оксфорд.

Вакцината е поевтина и полесна за складирање од конкурентската вакцина „Фајзер“, но се најде на удар кога првичните тестови покажаа дека е ефикасна за 62 проценти, кога беа дадени две полни дози, одвоени најмалку еден месец.

Тоа беше помалку од вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ кои се ефикасни 95 проценти.

Сепак, ефективноста на вакцината Оксфорд се зголеми на 90 проценти кога луѓето прво добија половина од дозата, а потоа и целата доза најмалку еден месец подоцна.

Слични содржини