Разводот на Ким и Канје ќе биде побурен од очекуваното

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот рапер Канје Вест планира да поднесе барање за развод од Ким Кардашијан Вест, тврдат локалните медиуми. Според „ОК! Магазин“, на Канје не му е грижа што неговата сопруга сака да почека со разводот додека не објават официјално соопштение за јавноста.

Наводно, Ким има план за развод и сака да поднесе барање кога ќе биде подготвена, но по се изгледа раперот би можеле да ја престигне.

Медиумите исто така пишуваат дека таа нема намера да поднесе барање додека нејзиното семејно реално шоу Keeping Up With the Kardashians сè уште се емитува, бидејќи нејзините брачни проблеми се важен дел од претстојната последна сезона. Бидејќи последната сезона започнува да се емитува во втората половина на март, Канје не сака да чека со недели.

„Канје целосно заврши со овој брак и оди понатаму. Тој не се грижи за приоритетите на Ким кои го одложуваат објавувањето на разводот. Ќе поднесе барање пред таа да биде подготвена ако мора. Сака развод исто колку и таа“, изјави неименуван извор.

И тоа не е сè – „Е!“ тврди дека Ким и Канје „се целосно завршени и не зборуваат повеќе“.

„Таа се обидува да остане силна и да продолжи со својот живот“, изјавил извор близок до ријалити ѕвездата, додавајќи дека бракот со раперот е завршен во нејзината глава.

Слични содржини