Глобалниот директор на „Форд Перформанс“, Марк Рашбрук, во интервју за холандската верзија на motorsport.com откри дека развојот на моторот што Ред Бул ќе го користи од почетокот на сезоната во Формула 1 во 2026 година оди според планот.
Како што е познато, од следната година „биковите“ ќе користат погонски систем кој го создадоа тие во партнерство со Форд. Според Рашбрук, заедничката работа помеѓу Ред Бул и американскиот тим оди целосно според очекувањата, а партнерството помеѓу двете страни станува сè посилно со секој изминат ден.
„Партнерството всушност станува сè посилно секој ден, од првите разговори и потпишувањето на договорот, иако работата веќе беше започната пред тоа. Придонесуваме на неколку начини. Накратко, сме во тек со распоредот со моторот со внатрешно согорување и електричната компонента.“
„Секако, сè уште имаме многу работа да направиме и многу да докажеме со нашата сигурност, но партнерството – искреноста, довербата и придонесот на двете страни – досега беше одлично. Тоа е сè што се надевавме и очекувавме.“
„Нашиот почетен фокус беше електрификација. Но, со нашиот напреден производствен погон и нашите 3Д печатачи, можеме да произведуваме работи во реално време. Буквално произведуваме нови работи секој ден во Дирборн, кои потоа се испраќаат во Милтон Кинс за тестирање“, објасни Рашбрук.