РБ Лајпциг ја отфрли новата понуда на Барселона за Дани Олмо

од Vladimir Zorba
40 прегледи

РБ Лајпциг се уште не сака да ја прифати новата понуда на Барселона за Дани Олмо, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг.

Каталонците понудија околу 55 милиони евра како фиксна сума, плус уште 4 милиони што се можни лесни бонуси, но раководството на „биковите“ тешко дека ќе ја прифати оваа понуда.

Од РБ Лајпциг за Олмо бараат минимум 60 милиони евра, но и дополнителни бонуси.

Самиот играч сака да се пресели во Барселона, бидејќи Каталонците веќе се договориле со него за неговите лични услови. Шпанскиот интернационалец кој блескаше со настапите на ЕП 2024 ќе потпише договор до 2030. Неговите агенти за евентуалниот трансфер ќе разговараат со раководството на РБ Лајпциг.

Германскиот клуб нема притисок да го продаде играчот, бидејќи Олмо има договор до 2027 година.

Слични содржини