Рбјаков: САД добро да размислат за последиците од напад врз Иран

од Vladimir Zorba

Русија ги обвини САД дека намерно предизвикуваат опасни тензии со Иран и ја туркаат ситуацијата на раб од војна.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рбјаков упати апел до Вашингтон да размисли за напад врз Иран и да ги согледа сите последици од отворен судир со Исламската Република.

Тој, веста дека американскиот претседател Доналд Трамп издал па ја повлекол наредбата за воен напад врз Иран, ја оцени како „доказ дека работите излегле од контрола“.

„Њујорк тајмс“објави дека Трамп утрово одобрил воен напад врз Иран во знак на одмазда за соборувањето на беспилотното летало вредно 130 милиони долари, но ја анулирал наредбата додека авионите биле во воздух.

– Трамп нареди напад врз Иран, ги подигна авионите, но се откажа во последен час, објави „Њујорк Тајмс“.

Потоа се огласија претставници на иранските власти, кои тврдат дека Трамп преку Оман ги предупредил дека САД е подготвена за напад.

– Трамп во својата порака рече дека е против војна со Иран и оти сака да разговара со Техеран за различни прашања… даде краток временски период за наш одговор, но непосредниот одговор од Иран беше дека Врховниот лидер (Ајатолахот Али) Хамнеи треба да одлучи за ова прашање. Објаснивме дека лидерот е против какви било разговори, но ја проследивме пораката до него за да донесе одлука… Сепак на претставникот од Оман му кажавме дека каков било напад врз Иран ќе има регионални и меѓународни последици, тврди неименуван ирански претставник.

Слични содржини