Реакциите на Томовски за скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер (5,3 милиони евра) се епски, велат од Бихаќка

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“

од Vladimir Zorba
43 прегледи Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Реакциите на Томовски за скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер (5,3 милиони евра) се епски, како на човек што сака да побегне од сопствената сенка“, велат од СДСМ.

„Што вели Томовски сублимирано во една речница:

Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата.

Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.

Не е време за правдање туку за одговорност!

СДСМ ја повикува ДКСК да покрене истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски. Работата не е завршена!“, порачаа од Бихаќка.

Слични содржини