Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон Криволак, општина Неготино. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од 16,30 часот иако било дејствувано во повеќе наврати од страна на Армијата со подршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран ,но не и целосно изгасен.
-Денес во 14.45 часот пожарот повторно се реактивира, разгорува и проширува и веќе се дели на три краци од кои: -едниот се движи кон селото Пепелиште-Неготино, а -вториот во правец на Богословец-Штипскиот регион и -третиот во атарот на Армискиот полигон Криволак. Од извршената процена на терен од страна на ТПП Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино како и претставници на други релевантни институции кои учествуваат во гасењето на пожарните дејствија, утврдена е потреба од асистенција и воздушна подршка од летала. Од страна на Градоначалникот на општина Неготино, упатено е барање за хеликоптерска подршка, стои во соопштението.
ЦУК во координација со МВР во 18:00 часот упатиле полициски хеликоптер како подршка на единиците на ТПП Неготино, ЈКП Неготино, ТПП Штип и Армијата на Република Северна Македонија во гаснењето на пожарот.