Велика Британија побара Русија веднаш да го ослободи лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, кој денес беше осуден на три и пол години затвор, откако судот пресуди дека ги прекршил условите за условна слобода.
„Велика Британија повикува на итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и на сите мирни демонстранти и новинари уапсени во последните две недели“, рече министерот за надворешни работи Доминик Раб, пренесува „Ројтерс“.
„Денешната перверзна пресуда насочена кон жртвата на труење, а не кон одговорните, покажува дека Русија не ги исполнува најосновните обврски кои се очекуваат од било која одговорна членка на меѓународната заедница“, рече министерот за надворешни работи Доминик Раб.
САД длабоко загрижени
Соединетите држави соопштија дека се длабоко загрижени поради затворската казна изречена на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес и го повторија апелот за негово итно ослободување.
„Дури и додека соработуваме со Русија за унапредување на американските интереси, ние тесно ќе се координираме со нашите сојузници и партнери за тоа како Русија може да одговара затоа што не ги поддржала правата на своите граѓани“, се наведува во соопштението на државниот секретар Ентони Блинкен, пренесува „Ројтерс“.
Условната казна на Навални од три години и шест месеци беше изменета во затвор, а беше намалена на две години и осум месеци поради периодот што го помина во домашен притвор.