Општина Центар со издвојувањето половина милион евра за кошаркарскиот клуб Работнички, или осум пати помалку за мерките против загадување, според дел од активистите, покажува дека чистиот воздух не им е приоритет на локалните власти, информира ТВ24.

„Со овој предлог приоритетот е ставен на развој на кошарката, не го оспорувам фактот дека е потребна инвестиција во спортскиот центар Работнички, но итен приоритет на граѓаните е загадувањето. Мора да се зголеми буџеотот за мерките за аерозагадувањето. Во програмата на градоначалникот споменати се вертикални градини“. – вели Антонио Јовановски од Go green.
Дека сумата која општината предлага да се издвои за КК „Работнички„ е превисока, смета и претседателката на Советот на општината, Јана Белчева- Андреевска.
Сепак тврди дека во борбата против загадувањето ќе имаат удел и средствата предвидени надвор од програмата за животна средина.
„Мора да биде оправдана одлуката и да се провери економската исплатливост на тој трошок. Инаку и другите програми на општина Центар предвидуваат мерки против загадувањето, како што е проектот за собирање податоци за загадувачите, мерки за мерње на загадувањето и делување, инспекциски служби. Вредноста за здравјето пред профитот е и моја вредност“ – вели Белчева- Андреевска.
Но, додека Општина Центар допрва планира да прави регистар на загадувачи, заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули тврди дека најголем загадувач се домаќинствата кои се топлат на дрва. Според него локалните власти треба да работат покоординирано, а заложбите да бидат во согласност со ветувањата.
„Ни требакоординирана и интегрирана акција во која сите чекори ќе бидат усогласени, поедничени мерки можат да направат штета одошто корист. Како претседател на скопската работна група, задолживме градот со општините да се формира посебно координативно тело кое ќе зборува за овие работа и ќе води интегрирана политика околу мерките“ – вели Јани Макрадури – заменик- министер за животна средина.
Покрај Центар меѓу општините со најголема концентрација на штетните ПМ10 честички е и Аеродром. Градоначалникот на Златко Марин, денеска излезе со 19 конкретни мерки против загадениот воздух. Општината ќе постави прочистувачи на воздух во сите градинки, ќе се врши контрола на граджните активности, а ќе се постави и 24 часовен инспекциски надзор. Аеродром ќе фромира и координативно граѓанско тело, а најавена е и правата мобилна мерна станица ќе се мери квалитетот на амбиенталниот воздух на 25 локации во Општината, со цел да се утврдат изворите на загадување.