Реакција на новинар кога виде Талибанци како маршираат кон Кабул (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

За време на вчерашниот директен пренос од Кабул, Авганистан, новинарот на Скај њуз, Стјуарт Рамзи, беше сведок на влегувањето на Талибанците во градот.

„Мислам дека гледам како доаѓаат Талибанците, да, тие носат бело знаме со себе“, рече Рамзи откако слушна силни звуци од далечина.

– Воопшто не гледам луѓе со пиштоли. Не значи дека ги нема, но не ги носат на видливо место, додаде тој.

Како што рече, нема подобра илустрација за упадот на Талибанците во градот од онаа на која бил сведок во етерот.

„Тие не се само во близина на Кабул, тие се во центарот на градот, тие поминаа покрај претседателската палата“, рече тој.

Да потсетиме, Талибанците го освоија главниот град Кабул во неделата и ја вратија моќта изгубена пред 20 години.

Авганистанскиот претседател Гани ја напушти земјата, а бројни снимки се појавија на социјалните мрежи каде што граѓаните избезумено се обидуваат да ја напуштат земјата.

Слични содржини