Град Скопје изразува жалење што советничката Колариќ не може да го увиди она што цело Скопје го гледа. Во изминатите 4 години низ Скопје се гради плански, по ред и со сите фази на градба, стои во рекацијата на Град Скопје по изјавата на Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која кажа дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов нема еден метар асфалт ставено на готовиот проект за булеварот „Борис Трајковски“.
-Колариќ не може да ги види работите на Борис Трајковски затоа што во моментов се гради атмосферската канализација под земја, а без чие завршување не може да се почне со надземната инфраструктура. Со оглед дека првиот дел на булеварот Борис Трајковски е изведен без канализација од страна на поранешната градска администрација, не зачудува ни очекувањето и овој дел да биде сработен на истиот начин. Ќе мораме да ја разочараме советничката и преку овие фотографии да и покажеме на јавноста што се работи во моментов на потегот помеѓу Пинтија и Драчево, стои во рекацијата.