Реал без Серхио Рамос? Ова е неверојатно!

од Vladimir Zorba

Историјата и статистиката го покажуваат ова – Серхио Рамос е незаменлив во Реал Мадрид.

Реал Мадрид вчера вечерта повторно загуби, по саботниот шок од Кадиз, а овојпат Шахтјор го надигра и го победи тимот на Зинедин Зидан со 3: 2.

На теренот не беше полесно повредениот Рамос, кој не сакаше да ризикува сериозна повреда пред гостувањето во Барселона, и тоа повторно влијаеше на играта и исходот.

Верувале или не, Реал Мадрид загубил седум од осумте натпревари во Лигата на шампионите кога Рамос не бил на теренот.

Двата најимпресивни порази се минатогодишната елиминација од Ајакс, кога Рамос реши да ги „расчисти“ картоните, а при водство на Реал од 2:1 во Амстердам, намерно заработи јавно предупредување. Тоа му се удри силно од глава, исто како и на Реал, бидејќи Холанѓаните им „бутнаа“ четири парчиња на реваншот и продолжија понатаму.

Претходно, особено се памти уште еден случај, во четвртфиналето од сезоната 2017/2018, Реал го победи Јувентус со 3:0 во Торино, а на реваншот, „Старата дама“ имаше 3:0 и на крајот загуби со пенал во 90-тата минута. И тогаш, Рамос не беше на теренот …

Значи, иако наскоро ќе наполни 35 години, Рамос е сепак незаменлив и за среќа ќе биде подготвен во сабота на „Камп Ноу“.

Слични содржини