Според последните информации кои ги објави шпански Relevo, Алфонсо Дејвис одлучил да премине во Реал Мадрид како слободен играч во летото 2025 година.
Трансферот е практично договорен, а останува само официјалното потпишување на договорот. Канадскиот интернационалец јасно изрази желба да му се приклучи на кралскиот клуб веднаш штом му истече договорот со Баерн.
Иако Реал Мадрид моментално бара засилување во одбраната, особено на позициите стопер и десен бек, не се очекува да има големи промени во зимскиот преоден рок. Клубот се фокусира на долгорочни решенија, а доаѓањето на Дејвис веќе практично го реши проблемот со левиот бек за идните сезони.
Доаѓањето на Дејвис во Мадрид значително ќе влијае на стратегијата на клубот на пазарот. Со едно големо засилување веќе обезбедено за 2025 година, Реал можеби нема да брза да направи дополнителни трансфери оваа зима. Финансиските инвестиции се веќе планирани, па тешко дека ќе има простор за нови големи имиња во текот на оваа сезона.
Дејвис, 24-годишниот дефанзивец, е во Баерн од 2019 година. За баварскиот клуб одигра 210 натпревари и постигна 11 гола со 34 асистенции.