316
Лидерот на Ла Лига, Реал Мадрид е подготвен да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра за Лаутаро Мартинез од Интер. Ова го тврди новинарот Естебан Едул од аргентинскиот ТВ канал „ТиК Спортс“.
Планот на „Лос Меренгес“ е да го направи трансферот следното лето, под услов да се изгуби можноста за привлекување на Килијан Мбапе.
Претходно денес, стана јасно дека Пари Сен Жермен го искушува Французинот со плата од 50 милиони евра за да избегне заминување.
Реал може да си дозволи да му понуди на Мартинез годишна плата од 14 милиони, што е значително повеќе од трите милиони кои тој во моментов ги собира на „Меаца“.