Кол Палмер го игра фудбалот на својот живот – овој 22-годишен офанзивен играч за врска сезонава е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, а во дресот на Челси со 11 гола и шест асистенции е трет играч во лига според двата критериуми.
Тој го продолжи својот фантастичен успех од минатата сезона кога имаше 22 гола и 11 асистенции, а беше и еден од клучните играчи летово во походот на англискиот тим до финалето на Европското првенство.
Како што пишува „Фихајес“, Флорентино Перез и Реал Мадрид будно го следат англискиот репрезентативец и се подготвени да отворат преговори веќе оваа зима.
Под наслов „Бомба од Англија“, „Фихајес“ пишува дека Реал подготвил најмалку 100.000.000 евра бидејќи знае дека Челси не ни помислува да го продаде својот играч под тоа.
Покрај стручниот штаб, тој е ценет и од раководството, кое верува дека има потенцијал да стане светска мегаѕвезда“, додава „Фихајес“.
Палмер пристигна во Челси есента 2023 година од Манчестер Сити за 47 милиони евра. Ги помина сите категории на „граѓаните“ и доби шанса со Пеп Гвардиола во првиот тим, но тренерот на Каталонците реши да им даде предност на другите играчи.