Реал и Јувентус ќе „летаат“ од Лигата на шампионите!?

од Vladimir Zorba
334 прегледи

УЕФА сака строго да ги казни Реал Мадрид и Јувентус, кои ги сметаат за најодговорни за создавање на Суперлигата. Од централата наводно работат неуморно со своите правни тимови во обид да изречат досега невидени казни во историјата на фудбалот во Европа.

Исто така, тоа треба да послужи како предупредување за иднината дека проектот Суперлига ќе остане закопан засекогаш.

Според „Газета“, тврдото јадро на УЕФА сака да ги казни Реал и Јуве и играчите на овие тимови. Што се однесува до Шпанците, казната би била исфрлање од Лигата на шампионите оваа година!

Тоа не е крај. Доколку оваа намера помине, ниту Јуве, ниту Реал нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона, што е одлука што тие можат да ја спроведат.

Александар Чеферин во средата рече дека „има мала шанса“ полуфиналниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Челзи да не се одигра. Единственото нешто што ја спречува УЕФА да ја спроведе оваа казна е тешкиот економски удар од телевизиите кои имаат право да ги пренесуваат овие натпревари.

Ако некој може да ги спаси Реал и Јувентус од овие тешки казни, тоа е УЕФА. Наводно, има една струја во бордот на организацијата, кој е поумерен и сака дијалог, но не и помилување за двата клуба.

Каква и да е одлуката, ќе ја дознаеме утре, кога е закажан нов состанок на комисијата на УЕФА.

Во исто време, претседателот на Реал, Флорентино Перез рече дека Суперлигата сè уште постои, но дека во моментов е на „стенд-бај“ по заминувањето на многу клубови и „агресивниот спектакл“ на УЕФА.

Слични содржини