Реал избори финале во шпанскиот Супер куп

од Aleksandar Petrovski
154 прегледи

Екипата на Реал Мадрид ќе игра во финалето на фудбалскиот Супер куп на Шпанија. „Кралевите“ синоќа во првото полуфинале ја совладаа Валенсија со 3:1.

Стрелци за Реал беа Тони Крос, Иско и Лука Модриќ. За Валенсија погоди Даниел Парехо во судиското надополнување.

Во второто полуфинале вечер од 20 часот играат Атлетико Мадрид и Барселона.

Шпанскиот Супер куп се игра во Џеда, Саудиска Арабија.