Реал ја следи ситуацијата со Дибала

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид внимателно следи што се случува со поранешниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала. До неодамна, Аргентинецот, кој за неколку дена станува слободен играч, беше пред трансфер во Интер. Преговорите меѓу двете страни сепак сериозно заглавија, а една од причините е високата провизија што ја побара агентот на играчот Хорхе Антун. Сега Реал може да го искористи овој развој на настаните и да го земе Дибала во својот состав, тврди „Тутоспорт“.

Во моментов од „Сантијаго Бернабеу“ се уште не дале конкретна понуда до 28-годишниот фудбалер. Клубот чека да види што ќе биде со Марко Асенсио чија иднина останува нејасна. Доколку го напушти Реал, газдите планираат да го земат Дибала како негова замена.

Договорот на Асенсио истекува за една година и во моментов тој не може да се договори за негово обновување. Во меѓувреме за него сериозен интерес има и од Милан и Арсенал, па можно е играчот да се реши да проба нов предизвик.

Слични содржини